Крушево има нов локален младински совет, време е за младинско учество

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Со гласање на делегатите/ките во Локалното собрание на млади се избраа новите членови на Локалниот младински совет(ЛМС) на општина Крушево. Претставници на здруженијата Од млади за млади, Емпауринг Крушево, Културен Манифест, Тихе и политичкиот подмладок СДММ ги избраа следните членови на ЛМС Крушево:

  1. Зоја Кардула– 19 години, Студент на Јустинијан Први, активна членка на Тихе – здружение за промоција на влашката култура и со големо искуство во Еразмус+ проекти и активности на неколку организации од Македонија.
  2. Зоран Кузманоски– 23 години, студент на Медицински факултет каде што е и координатор. Активен член на медицинската организација MMSA.
  3. Марта Кузманоска– 20 години, студент и со искуство во организацијата Емпауринг и проектите Youth Exchange, Зелен Фото глас, Младинска медиумска лабораторија и многу други.
  4. Марија Котеска– 16 години, ученик во СОУ Наум Наумовски Борче Крушево, дел од училишниот парламент, а основното образование го одбележува обавувајќи ја позицијата ученички правобранител. Активен волонтер во Црвен Крст.
  5. Цветанчо Стојаноски– 27 години, претприемач и доскорешен сопственик на Тобако Цукмар и волонтер во културни настани организирани од Општина Крушево.

Општина Крушево се заблагодарува на членовите на Собранието за нивната исклучително важна улога во транспарентен и отворен избор на составот на ЛМС:

  1. Евгенули Илиеска
  2. Александра Здравеска
  3. Илија Наумоски
  4. Теодор Николоски
  5. Петар Донку
  6. Стефанија Кочоска
  7. Ивана Кондоска
  8. Мартина Чавкароска
  9. Стефанија Петревска

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира