ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
Фестивалот на отворено „Крушево низ корија“ оваа година ќе се одржи на 14-ти и 15-ти август, а и оваа година ќе биде поддржан од Општина Крушево.
Денеска градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски одржа средба со организаторите на „Крушево низ корија“ на која беше претставена програмата за оваа година и периодот на одржување.
Фестивалот содржи тури со велосипед и вечерна забава, а истиот привлекува стотици туристи секоја година.
„Летото полека започнува и настаните се рестартираат. „Крушево низ корија“ ќе се одржи во август и драго ми е што продолжуваме со активностите кои најмногу привлекуваат туристи во нашиот град. Овој фестивал на отворено е уште еден настан кој со години се одржува тука и содржи адреналински активности и вистинско доживување на природата на Крушево.“, изјави градоначалникот Христоски по средбата.