Крушевска новогодишна бајка – во недела сите заедно да го украсиме Крушево


Ве покануваме на 17.12.2023 (недела) година во 19:00 часот, во срцето на градот, во градскиот парк во Крушево, сите заеднички да одбројуваме до целосниот блесок и сјај, со кој Крушево ќе се претвори во новогодишна бајка.

Украсувањето на градот, значи за сите нас да имаме можност да ја почувствуваме новогодишната атмосфера и да уживаме во прекрасната зимска слика на Крушево.

Ве очекуваме сите млади и стари на топло чајче, винце и ракија, слатки колачи и пред се топла атмосфера, да ја започнеме заеднички новата приказна за нашето градче.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира