Левица: Продолжува систематското бришење на антифашизмот во Чаир и Тетово

Facebook
Twitter
Email
Print
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Функционери на ВРЕДИ и тоа – вицепремиерот и поранешен градоначалник на Чаир, Изет Меџити, и сегашниот градоначалник на Општината, Висар Ганиу, го обелоденија преименувањето на булеварот ,,Христијан Тодоровски Карпош” во ,,Мајка Тереза”. За ситни политички поени и за продолжување на проектот на ДУИ за целосно бришење на антифашистичкото минато од оваа скопска општина, сега на ред дојде и овој булевар кој го поврзува северниот дел од градот со централното градско подрачје, велат од политичката партија Левица.

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

„Претходно на овој тренд на преименување подлегнаа и улиците кои ги носеа имињата на чаирски народни херои: како ,,Цветан Димов” која стана ,,Хасан Приштина”; како улицата ,,Втора македонска ударна бригада” преименувана во ,,Адем Демачи” и Паркот на НОБ кој стана Парк Украина и во кој сега стои и биста на некогашниот американски претседател Вудро Вилсон, меѓу другите.

Напоредно, ВРЕДИ ќе менува и ДВЕСТЕ имиња на улици во Тетово по желба на неофашистичкиот градоначалник и со благослов од ДПМНЕ, од кои повеќето носат имиња од НОБ.

Исцртувањето на етнички линии и ,,беирутизација” на Скопје се соништа на политичката елита од албанските партии, за да се подели државата како политички плен и да се зголеми мизеријата на обичните луѓе. За овој план е потребно бришење на спомениците на антифашизмот, цел кон која и оваа Влада на ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ брза“, велат од Левица.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира