Лицето кое пукаше и рани вработена во Центарот за социјална работа во Прилеп повторно им избега на институциите

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Лицето А.Ј. кое на 24 март оваа година со огнено оружје повреди вработена во Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Прилеп повторно им избега на институциите.

За потсетување, првиот пат А.Ј. успеал да избега при спроводот од Демир Хисар до Основниот суд во Прилеп, каде бил донесен на 20-ти март за сосема друго дело, кое исто така е поврзано со повредената вработена. Имено, успева да им избега на вработените од Психијатриската болница во Демир Хисар и по неколку дена, односно на 24 март при заложничка драма со огнено оружје со 2 истрела ја повредува социјалната работничка во самиот Центар. Повеќе за овој настан на следниот ЛИНК.

Како медиуми баравме, но за жал не добивме одговор како обвинетиот успеал да им избега на институциите за да го направи делото и дали некој сноси одговорност за истото.

Сега, 8 месеци подоцна лицето А.Ј. повторно им бега на институциите. Прашањето е што се случува со органите за ред и мир кои се задожени за безбедноста на населението, и како може обвинети за обид за убиство повеќе пати така лесно да успеваат да избегаат?!

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми