Лишени од слобода двајца прилепчани, фатени при кражба од црква

На 18.07.2025 во 04.35 часот на ул.„Цар Самоил“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода двајца 17-годишни малолетници  од Прилеп.

Биле  затекнати како од метално сандаче за доброволен прилог од црква вршат кражба.

Тие се приведени  во Полициска станица Прилеп и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира