На 03.02.2025 во 18.30 часот, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода Џ.К.(52) од с.Врбоец, крушевско.
При претресот во неговата куќа во с.Врбоец, извршен со наредба од Основен суд Прилеп, биле пронајдени и одземени марихуана, семки од растението канабис и предмети со остатоци од марихуана.
По документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.