Лука Најдоски од Прилеп е светски јуниорски шампион во воздухопловно моделарство

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

16 годишниот Лука Најдоски од Прилеп е новиот светски јуниорски шампион во воздухопловно моделарство, или поконкретно во категоријата едрилици. Најдоски е победник во Светскиот куп во воздухопловно моделарство во категоријата Ф1А во јуниорска конкуренција, кој што се состои од повеќе меѓународни натпревари кои се одржуваат во различни земји низ Европа.

„Со овој спорт воздухопловно моделарство се занимавам веќе 5 години, од 2021 година. Од рана возраст ме привлече воздухопловството и генерално авиони и се што е поврзано со летање и така ми се јави голема љубов да бидат дел од овој спорт. На почетокот се натпреварував со модел кој што го изработивме јас и мојот татко, а потоа преминав на модели кои се веќе изработени. Освојувањето на Светскиот куп во воздухопловно моделарство во едрилици е мојот најголем успех досега, при доста голема и тешка конкуренција“, рече Најдоски.

Лука Најдоски не само што е прв меѓу јуниорите на светско ниво, тој котира доста високо и во севкупен пласман, односно во конкуренција на преку 300 натпреварувачи Најдоски го држи високо 13 место и во сениорска категорија.

„Овој спорт ми донесе уште поголема желба јас да работам и да истражувам во воздухопловството, да бидам дел од овие спортови, да се запишам на училиште кое е само за воздухопловство и ми даде некои цели во животот кои сакам да ги остварам. Во овој момент учам во Белград во воздухопловната академија и таму сум на смерот за авиотехничар, односно механичар за авиони, сервис и контрола и би сакал да продолжам на тој смер и да бидам дел од воздухопловството“, додаде Најдоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми