Македонија со убедливо најниска минимална плата во регионот

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Минималната плата во Македонија од март 2026 година ќе се зголеми за само околу 1.600 денари, што ќе ја донесе на околу 26.000 денари, велат од ССМ.

Синдикатите предупредуваат дека ова е далеку под нивните очекувања за најмалку 600 евра и повторно го отвора прашањето за куповната моќ и достоинствените примања.

Во споредба со соседните земји, минималецот во Македонија останува најнизок. Косово, Албанија, Србија, Република Српска, Босна и Херцеговина и Црна Гора ќе имаат минимални плати од 500 до 800 евра, со јасен тренд на зголемување, додека македонските работници ќе добијат само минимално усогласување.

ССМ ја критикува владината политика и дел од синдикатите за одржување на ниско ниво на платите, предупредувајќи дека ова може да ја ослаби домашната побарувачка, продуктивноста и конкурентноста на економијата, особено со растечката миграција на работната сила во регионот.

„Функционерските плати се зголемени за 79%, а работниците остануваат на 397 евра. Тоа не е живот, туку борба за преживување,“ порачаа од ССМ.

Од ССМ потсетуваат дека организирале повеќе протести во последните месеци и дека ќе продолжат со притисокот. Најавуваат и можност за генерален штрајк доколку се продолжи, како што велат, со игнорантниот однос кон работниците.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира