Матеска: Подобро вистина отколку лаги за гласови – Прилеп град за сите граѓани, општината ќе работи за вас, а не за партиите

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

За време на кампањата ви ветуваа трговски центри, обиколници, мега паркови и театри. Јас не ветував нереални проекти, затоа што точно знам што е во надлежност на општината и колкав е реалниот буџет. Ветувам работа, чесност и резултати, порача Павлинче Матеска, независен кандидат за градоначалник на Прилеп.

„Чиста и уредна средина – редовно чистење на улиците, тротоарите и јавните површини, намалување на прашината и загадувањето. Поддршка за младите и образованието – подобрување на условите во градинките и училиштата, достапни простории за младите, како coworking простори за фриленсери. Транспарентен буџет – секој денар на граѓаните ќе биде видлив, а приоритетите ќе бидат јасни и корисни за сите.

Реални инфраструктурни проекти – реконструкција на запоставени јавни објекти, без празни ветувања за „мега“ проекти. Справување со долговите и ефективно управување – јавни претпријатија кои функционираат професионално, без партиски влијанија. Град за сите граѓани – општината ќе работи за вас, а не за партиите; учество на граѓаните во одлучувањето ќе биде реално, а не формално“, вели Палеска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира