Мицкоски: Бегалски кампови нема да има – нема да криеме информации од граѓаните за договорот со Обединетото Кралство

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Македонската јавност ќе има се на увид и за секој цент којшто ќе биде потрошен од стратешкиот договор со Обединетото Кралство, нема да има носење договори по скратена постапка со европски знамиња и со строго доверливо класифицирани документи, изјави премиерот Христија Мицкоски, по обвинувањата од опозицијата за нетранспарентност.

„Ние во Парламентот нема да носиме никаков закон на шверцерски начин, со злоупотреба на европско знаме, како што правеа тие. Нема да класифицираме документи. Напротив ќе и биде јасно на македонската јавност што ќе потпишеме, под кои услови, кои се цените по коишто ќе се гради, кои се компаниите коишто сето тоа ќе го градат. Немаме намера да скриеме ниту милиметар информација која што им е потребна на граѓаните“, изјави премиерот Мицкоски.


Во однос на обвинувањата на опозицијата Мицкоски рече дека тие имале можност во претходните 7 години да покажат перформанси, но биле инфериорни кон оние кои си играле фудбал и баскет во своите кабинети.

„Гледаат дека Македонија се гради, дека повторно се задвижува економијата…. за жал тие како политичка структура 7 години имаа можност да покажат перформанси, тие беа инфериорни на оние кои што играа фудбалчиња и баскет во кабинетите наместо да работат и да можам да ги разберам неможам да ги оправдам“, рече Мицкоски.

Прашан дали тоа значи дека ги негира информациите за мигранти и азиланти, Мицкоски, рече дека „повторно нема потреба да растураме пердуви на тема која што не постои“.

„Ние можеме да измислуваме теми. Ако немаме и сега да си измислиме тема, дека надвор е темно, а гледаме дека е дење…Не треба британските медиуми…Па зарем изјавата на британскиот амбасадор не е доволна? Никакви кампови, никакви мигранти. Зарем тоа не е доволно? Апсолутно нема таква работа, а тоа се наметна откако во Албанија беше потпишан помеѓу тамошниот премиер и премиер на земја од Европската Унија за изградба на кампови, каде Албанија ќе прими десетици илјади мигранти. Таа тема е затворена. И аналогно на тоа таа тема се пренесе тука. Но таа тема е затворена. Јас разбирам дека дел од опозицијата и малкумината нивни поддржувачи се обидуваат да растурат пердуви и да го оцрнат стратешкиот договор“, рече Мицкоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми