Мицкоски: „Отворен Балкан“ има многу недостатоци, ќе треба да ја разгледуваме со стратешките партнери

Facebook
Twitter
Email
Print

Иницијативата Отворен Балкан има многу недостатоци и не е комплетна. Нема побрз проток на луѓе и стоки од тоа кога ќе ги немаме границите кои за жал постојат денеска и за кои за жал се уште спориме каде се наоѓаат во регионот, оцени денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски рече дека секоја регионална иницијатива што може да додаде вредност е добра, но оти работите мора да се гледаат реално.

„Ако веќе имаме таков тип на иницијатива, тогаш таа треба да е комплетна, а вака како што е, не е комплетна. На крајот од денот, целта на сите држави од регионот е членство во рамки на ЕУ, нема побрз проток на луѓе и стоки од тоа кога ќе ги немаме границите кои за жал постојат денеска и за кои за жал уште денеска спориме каде се наоѓаат во регионот“, рече Мицкоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира