МНР: Имало злоупотреби при купување амбасади во странство

Facebook
Twitter
Email
Print

Државниот секретар во МНР Виктор Димовски на денешниот прес изјави дека изминативе десет години се направени серија пропусти, незаконитости и потрошени огромени средства од државниот буџет, кои се утврдени од увидот во документацијата за купување дипломатско-конзуларни претставништа на Република Македонија во странство.

 

Тоа е  утврдено од увидот во документацијата за купување дипломатско-конзуларни претставништа на Република Македонија во странство во изминатите десетина години.

 

Димовски наведе дека со одлука на Влада од 2007 биле одобрени 40 милиони евра за купување 15 дипломатски-конзуларни претставништа, а со ребаланс на буџетот уште 10 милиони евра.

 

Купени се пет објекти во Будимпешта, Прага, Истанбул, Љубљана и Виена во 2007 година. Со одлука на тогашниот министер за надворешни работи биле формирани две комисии што ги спроведувале набавките.

 

„Од увидот е констатирано дека двете комисии работеле само формално, односно доминирало влијанието на претседателот на една од комисиите. Сите купени објекти се наоѓаат на локации во кои нема амбасади. Исклучок е Прага каде прв сосед ни е амбасадата на Северна Кореја. Објектите се далеку од останатите ДКП-а и од центарот на градот, односно во обични резиденцијални квартови. Тоа укажува и на можноста дека реалната цена во времето кога биле купени била пониска од таа што е платен“, изјави Димовски.

 

Димовски нагласи дека за купување на објектите била воспоставена мрежа на странски адвокати, странски компании и странски лица со седиште во Будимпешта, Виена, Прага, Вилнус, Лондон, а веројатно и во други центри кои ги координирале своите активности со комисијата за купување на објектите. Договорените решенија и биле наметнувани на комисијата која потоа ги предлагала до Владата, потпишани од тогашниот министер за надворешни работи.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира