Мојсоска: Надзорна расправа ќе има – ниту еден политички пораз не може да е поголем од она што ни се случи на 16 март

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Пратеничката Јована Мојсоска од Левица во гостување на ТВ 24 во емисијата „Студио 10“ цитирајќи ги членовите од Деловникот на Собранието појасни дека нема никакви деловнички прекршувања и дека третиот обид на Левица за Надзорна расправа за трагедијата во Кочани беше конечно успешен, а обидот за блокада на пратениците од власта – неуспешен:

„Надзорна расправа за трагедијата во Кочани не требаше да се случи со барање на 15 пратеници или по Иницијатива на Левица, туку 120 пратеници требаше да застанат зад ова, бидејќи е од јавен интерес ниту еден да не биде амнестиран – дали од оваа или од претходната власт“, кажа Мојсоска со жалење што останатите парламентарни партии веќе подолго време немале слух за ова прашање и дополни дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ има тенденција да ја замре темата за Кочани бидејќи е евидентно дека нивни функционери или блиски имале удел во трагедијата.

Таа посочи дека сѐ уште има неодговорени прашања околу трагедијата, истрагата, водењето на постапката, како и здравствениот систем.

„Помеѓу полициските службеници од последното апсење е и сменоводителот во ОВР Кочани, а два месеци наназад, на Интерпелацијата за министерот Тошковски, кога истакнав дека е амнестиран од одговорност сменоводителот во чија смена рацијата пристигнала предоцна, после два часа – министерот Тошковски тогаш манипулативно, со етикети го изврти моето обраќање и се обиде да спинува дека ние цела полиција ја етикетираме дека е корумпирана“, потсети пратеничката Мојсоска.

Левица уште месец-дена претходно, пред апсењето, алармираше дека агенцијата за обезбедување, „Рубикон“ имала директни контакти со ВМРО-ДПМНЕ.

„Приведениот Нацев имаше слики од „Рубикон“ на неговиот Фејсбук профил кој веднаш ги избриша. Премиерот велеше дека нема никаква поврзаност со агенцијата и ќе си даде оставка ако има било каква поврзаност. Има многу прашања кои институциите допрва треба да ги одговорат. Мора трагедијата да се расветли за никогаш повторно да не се случи“, истакна Мојсоска.

Еден од изговорите на власта зошто не поддржуваа надзорна расправа беше дека треба да има надзорна расправа не само за Кочани, туку и за „Беса транс“ и за „Дурмо турс“.

„Апсолутно, пратениците од Левица ќе се потпишат и ќе поддржат таква надзорна расправа. Затоа што, на крајот на денот, ние говориме за изгубени човечки животи кои можеле да бидат спасени. Ниту еден политички пораз не може да е поголем од она што на нас ни е случи на 16 март“, заклучи пратеничката од редовите на Левица.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми