Муцунски: 5% од БДП за одбрана е клучна инвестиција во безбедноста

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, изјави дека определбата за зголемување на средствата за одбрана до 5 проценти од БДП не се однесува само на класични воени набавки, туку претставува севкупна инвестиција во безбедноста, инфраструктурата и економскиот развој на државата.

„Одиме кон пет проценти, за да немаме потреба некогаш да одиме кон 30-40 проценти, како што трошат некои држави кои имаат конфликти на својата територија“, изјави Муцунски, додавајќи дека средствата ќе опфатат не само воена модернизација, туку и инвестиции во инфраструктурата, сајбер безбедноста, па дури и иновации и стартап компании.

На прес-конференција на која беше презентирано сработеното во првата година од мандатот на новата Влада, министерот потенцираше дека оваа цел е усогласена со НАТО-стандардите и дека сите земји членки на Алијансата ја поддржуваат стратегијата.

„Не само ние, туку сите земји членки на НАТО. Тоа беше одлука донесена со консензус во рамките на Алијансата. Сите набавки и мерки што ги презема Министерството за одбрана за модернизација на нашата армија ќе се вкалкулираат во тие 5 проценти“, рече шефот на дипломатијата.

Дополни дека дека трошоците ќе бидат проширени со аспекти кои досега не биле вклучени во дефиницијата на минималниот праг од 2 проценти. Како пример за тоа ги наведе инвестициите во нато-коридорите, инфраструктурата со стратешко и трговско значење, како и капацитетите за сајбер безбедност.

„Во рамите на овие пет проценти ќе има многу алатки кои ќе ни носат сигурност, но можат да бидат и мерки за стимулирање на домашната економија и за развивање на нови компании, за засилена индустриска база во делот на производство на наменска опрема. Тоа ќе отвори одлични работни места и ќе ја задоволи потребата од диверзификација на производствените капацитет“, додаде Муцунски.

Според него, ова се историски, генерациски одлуки, кои ќе останат релевантни и за идните влади и ќе обезбедат долгорочна стабилност под НАТО-чадорот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми