Над 57 илјади изнесува минималната синдикална кошничка за јануари

Вредноста на минималната сидникална кошница за февруари изнесува 57.476 денари, соопшти денеска Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Пресметката е под претпоставка за семејство од двајца родители и две деца, кои живеат во сопствен стан од околу 60 квадрати.

Доколку семејството живее во изнајмен стан и мора да плаќа кирија, износот на кошничката би изнесувала 72.851 денари.

Поделени по ставки, за трошоци за храна и пијалоци од минималната синдикална кошничка отпаѓаат 21.219 денари (36,9%), трошоците за образование изнесуваат 7.022 денари (12,2%), додека трошоците за транспорт се 4.956 денари (8.6%).

Во меѓувреме, трошоците за облека и обувки изнесуваат 4.902 денари (8,5%), трошоците за станарина, вода, електрична енергија и греење се 6.014 денари (10,5%), 4.245 денари (7,4%) за рекреација и култура, додека за ресторан и хотели трошокот изнесува 3.733 денари (6,5%).

Нешто околу 2.473 денари (4,3%) од трошоците отпаѓаат за комуникација, 1.797 денари (3,1%) за хигиена, 1.115 денари (1,9%) за здравје и 950 денари (1,7%) за останати стоки и услуги.

Инаку, вредноста на кошничката во февруари е зголемена за 313 денари во споредба со претходниот месец, кога изнесуваше 57.163 денари. Во пресметките пак, со претпоставка доколку семејство изнајмува стан, трошоците се зголемени за 213 денари.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира