Намален е бројот на новозаразени лица од ковид-19 во споредба со минатата недела

Facebook
Twitter
Email
Print

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Во периодот од 6 до 12 декември годинава направени се 6,2 проценти тестови за ковид-19 повеќе во однос на една недела претходно, покажуваат податоците на Институт за јавно здравје (ИЈЗ).

Процентот на позитивност просечно е 11,2 проценти. Најголем дел од регистрираните случаи, 49 проценти се од Скопје.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (24,1 проценти). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0 до 9 години (4,4 проценти).

Се забележува намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи. Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 54,4 проценти лица од женски и 45,6 проценти од машки пол. Со статус оздравени се стекнале 2.256 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Во текот на мината недела вкупно се пријавени 26 реинфекции, со намалување од 35 отсто во однос на претходната недела.

Пријавени се 66 смртни случаи во 20 градови, што е намалување од 2,9 отсто во однос на претходната недела. Најголем дел од нив се од Скопје (26). Во однос на возраста, најголем број, вкупно 58, од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години. Регистрирани се починати и кај возрасната група од 50-59 години (7) и 40-49 години (1).

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци