Народната банка предупредува: Внимавајте на лажни профили и сомнителни понуди

Facebook
Twitter
Email
Print
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Народната банка ги информира граѓаните да бидат внимателни поради зачестената појава на лажни профили, апликации и лица кои, електронски или преку телефонско јавување, се претставуваат како дел од реномирани компании коишто нудат некаков вид помош, посредување, па дури и парични награди, а притоа бараат лични податоци и уплата на средства.

Народната банка апелира до граѓаните да не откриваат лични податоци, ниту, пак, да преземаат активности на барање од непознати лица.

„Доколку имате добиено или ако во следниов период добиете неочекувани телефонски повици, е-пошта или СМС од сомнителни адреси или телефонски броеви во коишто ви се нуди нешто што не делува реално и вистинито, или ако од вас се бара откривање на личните податоци, не започнувајте комуникација во којашто ќе ги дадете вашите лични податоци или ќе одговорите на барање за трансакција/уплата на ваши средства на некоја банкарска сметка“, велат од НБРМ.

Доколку граѓаните добијат телефонски повик или порака преку друго комуникациско средство (електронска пошта или преку социјалните мрежи) од лице за кое се сомневаат дека лажно се претставува во име на Народната бaнка, веднаш да го пријават случајот во Народната банка преку официјалната е-адреса: opstiinfo@nbrm.mk .

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира