
Денеска (10.10.2024) околу 02.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека со употреба на сила било влезено во угостителски објект на ул.„Архиепископ Доситеј“ и со запалива течност бил предизвикан пожар во објектот, од кој биле оштетени ѕидовите и дел од инвентарот во објектот.
„Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп. Увид бил извршен, за настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од СВР Битола.