Извидниците од одредот Феникс”- Прилеп во периодот од 17-19 мај, по шести пат ќе ја одржат својата национална извидничка акција – Фениксија.

Оваа година посветена на величественоста на Олимписките игри, ќе се одржи под називот „Огнени игри“.
Учество ќе земат околу 150 деца и млади од цела Македонија и ќе направат спој на олимпискиот дух со извидничките активности преку уникатни активности, авантури, искуства, знаења и пријателства кои придонесуваат во развој на личните вештини и целокупниот развој на личноста.