Најавените врнежи добредојдени за земјоделството

Facebook
Twitter
Email
Print
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Стабилното време изминатата седмица, како и дневните температури кои достигнаа натпросечни вредности за овој период од годината, придонесоа за пролетно будење на овошките. Според агрометеоролозите, најавените врнежи во наредните денови се од големо значење за земјоделските култури, но и за подготовка на почвата за садење, како и за успешно навлегување во посевите во период на пролетен развој.

„Во наредните денови, за време на викендот, времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Денеска повремено ќе дува силен ветер, над 60 километри на час, од јужен правец, а најавени се и врнежи од дожд на повеќе места. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, особено во западните и јужните делови, над 20 литри на метар квадратен. Појавата на врнежи од дожд е од големо значење за земјоделските култури зашто го одржува на исто ниво пролетното будење на овошките, што е поволно во овој период од годината. Исто така, врнежите од дожд го подобруваат водно-физичкиот режим на почвата, ја надополнуваат влагата во почвата која е потребна во овој период“, велат агрометеоролозите од УХМР.

Како што наведуваат, побарувањата на вода се големи, скоро кај сите земјоделски култури.

„Според физиологијата на растенијата, почвената влага е потребна за пролетна подготовка на почвата за садење на одредени култури, како и за успешно навлегување на посевите во период на пролетен развој“, истакнуваат  агрометеоролозите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира