ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
Најдолгата улица на светот по која без прекин би можеле да пешачите се протега од Кејптаун, Јужна Африка, до Магадан, Русија.
Пешачката рута е долга околу 22.000 километри, а лицето што ќе ја следи ќе помине низ 16 држави и 6 временски зони и ќе ги доживее сите годишни времиња и временски услови во светот.
Според гугл-мапите, пешачењето би траело 5.000 часа, односно 187 дена, но без прекин. Сепак, ако претпоставиме дека просечно се поминуваат пеш по 8 часа на ден, без ден одмор, патувањето ќе трае 562 дена.
Сепак, никој досега не се обидел да ја испешачи оваа патека. Трасата е полна со визни ограничувања, региони зафатени од војна, граѓански војни и нестабилни влади. Покрај политиката, на секој што би се обидел да го исполни овој предизвик ќе му требаат исклучителни вештини за да се справи со постојано променливиот терен и температури.