На аукција ќе се продава парче платно со крв од Наполеон Бонапарта


Приватните колекционери ќе имаат ретка можност следната недела да купат ДНК на Наполеон Бонапарта. По повод 2 века од смртта на францускиот војсководец, на аукција ќе биде ставено парче од платното, со кое тој бил покриен за време на обдукцијата. Проценката е дека платното на кое има крвава дамка би можело да достигне продажна цена од 15.000 евра.

Францускиот император почина на 5 мај 1821 година на 52-годишна возраст на островот Света Елена во Атлантскиот Океан, каде Британците го протерале по поразот во 1815 година во битката кај Ватерло.

Аукциската куќа „Осенат“ на 5 мај ќе стави на аукција околу 360 предмети меѓу кои ќе биде и платно со кое Наполеон бил покриен за време на обдукцијата, прамен од неговата коса, неколку свилени чорапи и кошули со долги ракави, на кои со црвен конец е извезена буквата Н.

„Наполеон поседувал значителен број кошули. Бил перфекционист. Се капел три-четири пати дневно, месечно користел од 20 до 30 литри колонска вода“, објаснува аукциската куќа „Осенат“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира