На граничниот премин Дојран отворени две нови ленти

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

На граничниот премин Дојран во Македонија се отворени две нови ленти и зголемен е протокот на патници.

Граничниот премин Дојран веќе неколку дена работи со два нови контролни пункта и две новоотворени ленти, со што значително се подобрува протокот на патници и возила на тој граничен премин.

Новите капацитети овозможуваат побрзо и поефикасно минување, особено во време на зголемен сообраќај, соопштено е на платформата „Пат кон Грција“.

Ова е добра вест за сите кои планираат одмор во Грција, бидејќи може да ги намали редовните гужви на границата, особено за туристите од Србија кои во последно време се повеќе го користат овој граничен премин.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми