Фото Кино Клуб „Прилеп“ го имплементира проектот Клупска изложба на уметнички фотографии „Јордан Зазоски – Зазо 2024“ поддржан од Министерството за култура како проект од национален интерес во културата од областа на визуелните уметности, архитектура и дизајн за 2024 година. Целта на проектот е збогатување на културната понуда во Општина Прилеп преку афирмирање и промоција на уметничката фотографија.

Изложбата ќе биде свечено отворена од градоначалникот на Општина Прилеп и претседателот на Фото Кино Клуб „Прилеп“, Александар Десоски, на 17 Април (среда) со почеток во 19 часот, во фоајето на на НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп.