На 4 и 5 ноември во Прилеп во хотел Кристал Палас ќе се одржи меѓународната конференција „Социјални и здравствени услуги – предизвици и можности“
Конференцијата ќе обедини професионалци, експерти, претставници на институции, организации и практичари од земјата и странство како Република Австрија, Црна Гора, Албанија и Србија, со цел размена на искуства, знаења и добри практики во областа на социјалните и здравствените услуги.
Во фокусот на конференцијата ќе бидат современите предизвици, можностите за унапредување на социјалните и здравствените услуги, значењето на интерсекторската соработка, како и создавањето поквалитетни, поефикасни и подостапни услуги за граѓаните.
Конференцијата ќе претставува можност за споделување искуства и знаења, претставување на добри практики, отворање на значајни прашања и поттикнување на соработката меѓу професионалците, институциите, организациите и практичарите од земјата и странство.