НЕЗАВИСНИ: Никој како ПОБЕДА, време е општина Прилеп да го спаси својот симбол

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици


Драги пријатели…Прилепчани. Доколку ни дадете мандат, НИЕ знаеме како и ќе ја спасиме нашата душа, ФК Победа Прилеп.НИКОЈ КАКО ПОБЕДА ПРИЛЕП. ВРЕМЕ Е ОПШТИНА ПРИЛЕП ДА ГО СПАСИ СВОЈОТ СИМБОЛ – ФК ПОБЕДА!, порачуваат од листата за советници НЕЗАВИСНИ за Прилеп.

„ФК Победа не е само фудбалски клуб – тоа е душата на Прилеп, дел од нашата историја, нашето име и гордост! Но денес, овој симбол на градот е доведен до раб на исчезнување. Празни ветувања, запуштени терени, блокирани сметки и целосна незаинтересираност – тоа е реалноста што ја гледаме!

Доста беше од молк!

Прилеп мора да го врати своето најголемо спортско име на местото кое го заслужува!

ПЛАН ЗА СПАС НА ФК ПОБЕДА

  1. Општинско тело за спас на клубот – тим составен од претставници на Општина Прилеп, поранешни фудбалери, спортски работници и навивачи, со јасна задача: стабилизација и возобновување на клубот.
  2. Финансиска поддршка и фонд – создавање транспарентен фонд под општински надзор, во кој ќе учествуваат јавни претпријатија, локални фирми и поединци што сакаат да помогнат.
  3. Реконструкција на стадионот „Гоце Делчев“ – со јавно-приватно партнерство и општинска координација. Прилеп заслужува современ стадион и достоинствен фудбалски дом.
  4. Младинска академија „Победа“ – систем за развој на млади фудбалери, за децата повторно да сонуваат да играат со црвено-белиот дрес.
  5. Враќање на навивачкиот дух – преку спортски манифестации и општински настани, да се врати масовната поддршка и љубовта кон Победа.

Ова не е само спортски проект – ова е план за враќање на градската гордост. ФК Победа е симбол што не смее да згасне! Прилеп без Победа не е Прилеп. Време е Општината да застане зад клубот, зад името, зад народот“, порачувата НЕЗАВИСНИ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци