Нема лекари што сакаат да работат со затвореници во затворите во Македонија

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Македонија располага со вкупно 12 затвори, и сите имаат потреба од здравствен кадар. Потребни се општи лекари, стоматолози, психолози и психијатри, но надлежните велат дека на огласите кои ги пуштаат за прием на стручни лица, немало никаква интерес во јавноста, пишува „Слободен печат“.

„Во речиси сите казнено-поправни домови во земјава (вкупно 12) недостасува општ медицински кадар, како и психолози и психијатри што ќе се грижат за здравјето на осудениците и притворениците. Во затворите во Македонија не се следи менталното здравје на осудениците и не примаат соодветна терапија“, вели Ина Џугуманова од Хелсиншкиот комитет, за СП.

Надлежните апелираат до Владата, да преземат нешто во врска со оваа ситуација.Тие сметаат дека владините институции треба да ги обноват огласите и на идните лекари во затворите да им понудат бонуси на платите или бенефициран стаж.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми