Николоски: Одлична е динамиката на изградба на автопатот Прилеп – Битола, очекувам коридор 10-д да биде алтернатива за сите патници од Виена до Атина


Со одлична динамика се одвива изградбата на автопатот од Прилеп до Битола, а очекувањата се оваа автопатска делница од коридорот 10 -д да биде целосно завршена до крајот на 2027 година – истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски во интервјуто за ТВ Њузмакс Балкан.

„Веќе го пуштивме во употреба експресниот пат Градско-Прилеп, односно потегот Градско-Дреново-Фариш, а размислуваме да го споиме и Фариш со Прилеп со експресен пат или автопат, што ќе ја отвори централна Македонија. Тоа е делот од државата кој што најмногу придонесува во БДП, таму се произведува 80% од електричната енергија што ја произведуваме како држава, над половина од земјоделското производство, тука е мермерот, тука се едни од најголемите фабрики и комбинати кои ги има Mакедонија.Ова беше запоставен крај, а сега целосно се отвара овој крај и кон Скопје и кон соседните земји“, истакна вицепремиерот Николоски.

Во однос на врската на коридор 10 -д, вицепремиерот потенцираше дека со изградбата на оваа патна мрежа, кoридорот 10- д ќе стане алтернатива за патување кон соседна Грција за голем број патници кои патуваат на релација Виена преку Будимпешта-Белград-Скопје-Атина со што ќе се скратува патувањето за еден час.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира