Никој не знае дали и утре Прилеп ќе нема Градски јавен автобуски превоз

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми



Поради штрајк на возачите на автобуси на Градскиот автобуски превоз од ЈП за ПУП денеска Прилеп остана без јавен превоз. Иако побаравме изјава и став од синдикатот на овие вработени дали штрајкот ќе продолжи и во наредните денови од таму ни одговорија дека не сакаат да даваат никакви изјави.

Од ова ЈП истакнуваат дека поголемиот дел од платата за месец ноевмри им е исплатена на сите вработени, а останува само мал дел да се доисплати деновиве.

Од Општина Прилеп под чија надлежност се наоѓа ова јавно претпријатие, денеска не добивме одговор до кога ќе трае овааа ситуација и како истата ќе се решава во иднина, затоа што ова не е прв штрајк на возачите од ЈП за ПУП поради неисплатени плати.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми