Никој не сака да биде претседател на судовите во Крушево, Берово и други – се предлага нивно укинување

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Крајно време е да се преиспита судската мрежа во државата и судовите во помалите градови да се укинат и да се претворат во судски одделенија, предложи членот на Советот Сашко Георгиев на денешната седница, откако беше констатирано дека на огласот за избор на претседатели на основните судови во Крушево, Берово и во Делчево не се пријавил ниту еден судија. Членовите на Советот истакнаа дека ваквата ситуација, кога никој не се јавува на огласите за претседатели на помалите судови се повторува со години наназад.

„Во изминативе две до три години сме алармирале доволно гласно за проблемите со недостигот на судии, а ако треба ќе зборуваме и погласно. Анализите покажуваат дека делегирањето на судии не е решение, затоа што со тоа се нарушува концепцијата и планот за работа на поголемите судови. Нема кандидати за претседатели, па одиме со вршители на должност. Овој проблем ќе се реши во рамките на долго споменуваните реформи во судството законодавната власт ја преиспита судската мрежа, односно оправданоста на постоењето на неколку мали судови во земјата. Тоа се седум судови, ги знаеме кои се, во кои нема судии, ниту заинтересираност за претседатели. Бројката на судии се намалува секоја година, а сето ова се одразува на ефикасноста и ажурноста на поголемите судови, кои имаат доволно работа, а немаат доволно судии. Крајно време е со реформата малите судови да преминат во одделенија“, рече Георгиев.

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева забележа дека судството во државата се соочува со колапс.

„Не знам како ќе ги надминеме овие состојби. На некој од работните состаноци да видиме што ќе правиме иако ние како Судски совет сме пишувале и писма и дописи, сме интервенирале кај надлежните институции. Судството во државата се соочува со колапс, верувајте. Ние формално повторно ќе спроведеме постапка, но се плашам дека пак нема никој да се пријави. Се сведуваме на тоа да делегираме судии од ваму, таму, ама тоа не е решение. Тоа е само колку да фигурира. Се надевам дека со новите акадамеци што ќе излезат некаде во октомври, ноември може малку да избалансираме, ама и тоа ќе биде мал број“, рече Дамева.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци