TrashTour со организирана еко акција и во Прилеп. Првично акцијата беше закажана за излетничкото место Шаторов Камен, но заради тешка пристапност, локацијата е променета.
Нова локација и време: Четврток во 17 часот на Топташ, кај целта на даунхил патеката.
Организаторите ќе бидат помогнати од нашите прилепчани од Еко Свест Прилеп.
„Внимание, Прилепчани! TrashTour доаѓа и во вашиот град! Кога никој не презема акција, тука сме ние. Бидете и ВИЕ, а мотивирајте ги и другарите и другарките!
Овој пат наши партнери се Еко Свест Прилеп што значи акцијата ќе биде помоќна и ќе има повеќе дружење.
Четврток во 17 часот на Топташ, кај целта на даунхил патеката. Не доцнете.
Како и секогаш, ние носиме опрема за чистење (ракавици, ќеси, метли, гребла…) и музика, а вие понесете друштво и желба за промена! Не барајте човек за пример, бидете примерот!
Настанот е организиран во рамки на проектот „ЕКО ТУРНЕЈА Македонија – Не за ѓубре, да за акција“, финансиран од Фондацијата Отворено Општество Македонија“, стои во објавата за настанот на Фејсбук.