Во последните 24 часа се направени 1173 тестирања, а регистрирани се 134 нови случаи на ковид-19, информираше министерот за здравство, Венко Филипче, преку својот профил на фејсбук.
Скопје 97, Куманово 5, Прилеп 1, Тетово 11, Струга 3, Велес 1, Битола 1, Кавадарци 1, Крушево 2, Валандово 1, Кратово 1, Кичево 2, Ресен 7, Неготино 1.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа три лица од Скопје, пациент (68г) хоспитализиран на 6 јуни, пациентка (65г) хоспитализирана на 13 јуни и пациентка (76г) хоспитализирана на 7 јуни.
Во ГОБ „8 септември“ починаа две лица од Скопје, пациент (77г) примен на 6 јуни и пациентка (77г) хоспитализирана во болницата на 10 јуни. На Клиниката за урологија почина пациент од Куманово (68г).
Во КБ Тетово починати се две лица на 13 јуни, пациент (67г) и пациентка при прием (71г). Позитивни резултати на ковид-19 на двајцата пациенти се потврдени постмортем.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 34 оздравени пациенти.
Вкупниот број на дијагностицирани на вирусот во нашата земја од почетокот на епидемијата достигна 4289, оздравени се 1757, починати 201, а во моментов бројот на активни случаи во земјава е 2331.
![](https://infokompas.com.mk/wp-content/uploads/2020/01/Matador-banner-300-149.jpg)