Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 му одреди нови 30 дена притвор на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Владимир Атанасовски.
Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција отвори истрага против него за кривичното дело „здружување заради непријателска дејност”, откако на едно од рочиштата за настаните од 27 април обвинетиот Александар Василевски Нинџа пред судот рече дека бил соработник на тајната полиција, а дека поддршка за неговото дејствување добивал од Атанасовски.
Неговиот адвокат, Јордан Апостолски се уште не ја добил одлуката, но најави дека истата ќе ја обжали пред Апелациониот суд. Атанасовски е во притвор од 4 декември 2018 година.