Објавена листа на добитници на ваучери од 12.000 денари за летување

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Министерството за економија денеска ја објави листата на граѓани кои ги добиле овие ваучери со средства за користење и организирање на одмор во износ од 12.000,00 денари.

Овој пат ваучерот за користење на средства за организиран одмор ќе може да се искористи најдоцна до 30 ноември 2021 година, во некој од угостителските објекти од листата на пријавени, објавена на веб-страната на Министерство за економија.

Добитниците на потврди кои се од Скопје, истите ќе можат да ги подигнат во Министерството за економија – Сектор за туризам и угостителство, од понеделник 16.08.2021 година, од 09:00 до 14:00 часот. На добитниците кои не се од градот Скопје истите ќе им бидат испратени по пошта.

Листата на одобрени потврди за користење на средства за организиран одмор во износ од 12.000 денари може да ја проверите на линкот со клик ТУКА.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми