
Благодарение на поддршката на CNVP Foundation и Prespa Ohrid Nature Trust – PONT, а во рамките на проектот “Патот до селото: Создавање на одржлив рурален развој во срцето на природата“, Рурална Коалиција со поддршка на локалните туристички водичи и познавачи на областа успеа да го изготви првиот туристички водич кој што говори за локалитетите кои што се вредни за посета и кои што кријат недопрена природа, но и бизнис можности за рурален развој и туризам
Преку промоцијата на водичот и неговото доставување до сите чинители во секторот туризам и рурален развој, ќе се зголеми бројот на посетители на регионот, но ќе се создадат и можности за вложување во развојот на руралните средини во реонот на Илинска планина што пак ќе овозможи унапредување како на локалниот економски развој, така и на креирање на одржлив рурален развој
Целосниот водич може да го прелистате тука: https://online.fliphtml5.com/lkftr/zoqi/index.html . Водичот и мапата на туристички локалитети е поставен исто така и на веб страницата на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот – https://macedonia-timeless.com/eng.