Оваа година за првпат Општина Прилеп обезбедува финансиска поддршка од 3.000 денари за секое дете запишано во прво одделение во основните училишта на територијата на општината. Од денес, 2 септември, родителите и старателите можат да ги поднесат своите барања, а рокот за аплицирање е до 18 септември 2026 година.
„Со оваа мерка сакаме да дадеме конкретна поддршка на семејствата и да го олесниме почетокот на е дно важно поглавје во животот на секое наше прваче. На нашите најмали ученици им посакуваме безброј убави моменти, нови знаења и успеси во нивното училишно патување“, велат од Општина Прилеп.
Сите информации за условите за остварување на правото, потребната документација, начинот на поднесување и образецот за барање се достапни во целосниот Јавен повик. Кликнете тука: