Одличен викенд за ЏК Сеишин – освоени повеќе медали на различни натпревари

Викендов членовите на ЏК Сеишин-Прилеп се бореа на 2 фронта.

Во Пеќ, Косово, членот на ЏК Сеишин и репрезентативец Кристина Мантароска, во категорија -63 кг, во рамките на сениорската репрезентација го освоија третото место во екипна конкуренција со што се здоби со бронзен Балкански медал

Втората екипа настапи на силниот Меѓународен Турнир “Алексинац Опен- 2023” во Алексинац, Србија, каде учество зедоа 350 натпреварувачи од 54 клубови од 6 држави.

Освоени се 3 медали и тоа:

  1. Теа Настоска 1 во Место
  2. Тамара Илиоска 3-то место
  3. Немања Џагадуроски 3-то место

Останатите членови ( Теона Настоска, Елеонора Илиоска, Теодора Илиоска и Благојче Мантароска)  прикажаа одлични борби, но не успеаја да изборат место на пиедесталот.

Со ова ЏК Сеишин-Прилеп и официјално  ја започна втората полусезона натпревари.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира