Одлични резултати и 7 медали за ЏК „Сеишин“ на турнирите во Црна Гора и Бугарија

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

На 12.11.2023 во Црна Гора Подгорица се одржа Меѓународниот Меморијален Турнир во Џудо „Др-Шчепан Симанич” во организација на ЏК „Кога” Подгорица. На овој Турнир учествуваа околу 320 натпреварувачи од 30 клубови од 3 држави ( Ц. Гора, БиХ и Македонија). ЏК Сеишин-Прилеп зеде учество со 5 натпреварувачи при што освоени се 5 медали (2 златни, 1 сребрен и 2 бронзени) – 100% учинок.

Резултати поединечно:

  1. Теодора Илиоска 1 во место
  1. Немања Џагадуроски 1 во место
  1. Тамара Илиоска 2 ро место
  1. Иван Јошески 3 то место
  1. Марко Ацески 3 то место

Екипата ја водеа тренерот Дејан Мицкоски и судија Дарко Јошески кои се задоволни од прикажаното на ова силно првенство во Црна Гора!!!

На 11.11.2023 во Софија Бугарија се одржа 18-ти Меѓународен Турнир во Џудо „ОЛИМПИЈА-2023″ во организација на ЏК Олимпија – Софија. На овој турнир настапија околу 400 џудисти од 7 Држави ( Бугарија, Грција, Турција, Србија, Словачка, Романија и Македонија). ЏК Сеишин-Прилеп настапи со 4 натпреварувачи и освои 2 Медали ( 1 сребрен и 1 бронзен).

Резултати поединечно:

  1. Христијан Бунески 2 ро место
  1. Владан Стрезовски 3 то место.

Одлични и пожртвувани борби прикажаа Ване Ацески и Арсениј Димески кои не успеаја да изборат место меѓу првите три бидејќи ги загубија борбите за бронзени медали. Во една ваква силна конкуренција на вакви престижни меѓународни натпревари тренерот Марио Тошески кој ја водеше екипата е задоволен од прикажаното.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира