Од утре нема да има бесплатен јавен превоз за ученици и возрасни лица во Прилеп

 

Јавниот Градски Превоз при ЈПзаПУП Прилеп  во координација со Општина Прилеп ги информира сите корисници на јавниот градски превоз, дека од утре, четврток (12.03.2020 год), нема да важи бесплатниот превоз за ученици, исто така нема да важи и одлуката за бесплатен превоз за возрасни лица (жени со 62 год, мажи со 64 год).

 

Укинувањето на бесплатниот превоз на посочената категорија корисници е согласно актуелната состојба со коронавирусот и препораките од надлежните институции за превенција и заштита од вирусот.

 

Одлуката е времена, ќе важи во наредните две недели, се до наредните препораки.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци