ВИДЕО- Најмалите од прилепските градинки учеа како да селектираат отпад

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

„Чисто е убаво“ е насловот на едукативната кампања  за почиста и поздрава животна средина за селекција на отпад која започна со имплементација кај најмладата популација од градинките „Наша Иднина“ во Прилеп. Истата е дел од проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво“,финасиран од Шведска, а во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање. Целта е преку игра, забава, креативни активности и интерактивни содржини, децата на интересен и пристапен начин да учат како правилно да го селектираат отпадот, да ја одржуваат хигиената и да се грижат за чистотата на својота околина.

„Сметам дека преку едукацијата за селекција на отпад на најмалите, односно навиките кои ги стекнуваат најмалите ќе бидат пренесени преку пошироките семејства, а со тоа едукацијата би опфатила поширок опфат на население во градот. Нашите најмали и досега се по малку едуцирани во однос на селекцијата на отпад и во однос на одржувањето на чиста животна средина. Исто имавме и активности со едукација за климатски промени, така што сметам дека ова е надополнување на тие активности“, изјави Билјана Петкоска, в.д. директор на градинките „Наша Иднина“ – Прилеп.

Во проектот се вклучени повеќе граѓански организации од Прилеп преку ЈКП Комуналец од овој град.

„Особено е важно да ги учиме најмалите да се стекнуваат со вакви здрави животни навики уште од најрана возраст. Токму поради тоа и граѓанските организации се вклучуваат во вакви активности за да можеме да ја подигнеме јавната свест, а истовремено континуирано да работиме на зачувување на животната средина и секако природата околу нас“, кажа Маја Петанческа, Станица П.Е.Т.

 

„Нашата должност како извидници е да ја чуваме природата и да не оставаме отпад зад нас. Така со заеднички сили ги повикуваме сите граѓани да ја подигнеме заедно еколошката свест“, додаде Данило Јованоски, извиднички одред „Феникс“ – Прилеп.

 

„Според последните истражувања од „Пакомак“, Прилеп е лидер за селекција на отпад, каде 49% од населението селектира отпад. Во изминатиот период добивме 8.318 канти, а во претходните неколку месеци имаме склучено нови 850 договори. Прилеп селектира отпад преку 10 години и за таа заслуга минатата недела беше доделена и првата награда на општина Прилеп за циркуларна економија“, истакна Љубиша Јованоски, директор на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп.

Најмладите учеа во која корпа за отпадоци кој материјал треба да се фрла.

„Живеам во Македонија и ги знам кантите, и за хартија, и за стакло, и за шишиња пластични“, рече едно од дечињата.

 

 „Што правевте денеска тука, што учевте?

За канти.

Колку канти има тука?

Три.

Каква боја?

Плави, зелени и жолти“, додаде друго дете.

 

„Учевме за канти.

Што научивте за кантите?

Дека треба ѓубрето да се фрла во нив“, кажа уште едно од дечињата.

Преку ваквиот начин на едукација, децата не само што стекнуваат нови знаења, туку учат и како да ги применуваат во секојдневниот живот и да ги пренесуваат позитивните навики во своите семејства.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци