Од утре редуциран возен ред за Јавниот градски превоз во Прилеп

Јавниот градски превоз при ЈП за ПУП Прилеп во координација со Општина Прилеп, ги информира сите корисници на јавниот градски превоз, дека поради новонастанатата ситуација со корона вирусот, од утре, среда 18-ти март, покрај останатите претходно изречени мерки, укинување на бесплатниот превоз за ученици и возрасни лица (жени со 62 год, мажи со 64 год), се воведува и редуциран возен ред.

 

Односно, автобусите на сите три линии ќе сообраќаат од 06:30 до 09:00 и од 14:00 до 17:00, освен во недела, кога возниот ред останува непроменет.

 

Укинувањето на бесплатниот превоз на посочената категорија корисници и редуцираниот возен ред, се согласно актуелната состојба со коронавирусот и препораките од надлежните институции за превенција и заштита од вирусот.

 

Одлуката е времена и ќе важи се’ до наредните препораки.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци