ООУ „Пецо Даскалот“ од Долнени прослави 80 години од основањето

По повод големиот јубилеј – 80 години од основањето на ООУ „Пецо Даскалот“ Долнени, на ден 22.04.2026, се одржа свечен настан исполнет со радост, гордост и благодарност!

Свечената академија започна со оддавање почит кон бистата на Пецо Крстески – Даскалот, каде што учениците рецитираа творби. Потоа пристутните гости се упатија кон салата на старата зграда на Општина Долнени каде што ја проследија свечената академија.

Во салата пристуните гости беа претставници на локалната самоуправа на општина Долнени, пензионирани долгогодишни наставници, роднини на Пецо Даскалот.

Најпрво се интонираше химната на Р.С.Македонија, потоа краток говор одржа директорката на ООУ „Пецо Даскалот“ од Долнени – Елена Тошеска. Потоа беа изведени уште две композиции од страна на училишниот хор, па следуваше драма каде главната улога ја имаа самите ученици. Драмата беше во 3 чина кој ги опфати сите периоди на постоењето на училиштето, од основањето до денес. Во позадина одеше видео презентација на стари слики. По завршувањето на свечената академија гостите се упатија кон холот на основното училиште каде што беше изложена поставка на стари слики, стари зачувани дневници од 1946 и 1947 година. Беа презентирани и дипломи и признанија од сегашните успеси на наставниците и учениците. Во просториите на училиштето беше одржан и час на 50 години полуматуранти. Пристуните гости беа почестени и со коктел закуска.

Со овој јубилеј се одбележува континуираната посветеност на наставниот кадар, учениците и локалната заедница во градењето на знаење, вредности и традиција.

ООУ „Пецо Даскалот“ Долнени останува симбол на учење, напредок и заедништво, со визија да продолжи да создава успешни генерации и во иднина. 80 години знаење. 80 години вредности. 80 години – „Пецо Даскалот“!

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира