ОО СДСМ – Прилеп: Наместо транспарентно планирање на буџетот, Проданоски прави таканаречени „средби со граѓани“

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Под превезот на собирање предлози и идеи на граѓаните на Прилеп за креирање на општинскиот буџет за следната 2027 година, градоначалникот Дејан Проданоски направи груба партизација и злоупотреба на Општината. Фотографиите објавени на фејсбук профилот на Проданоски потврдуваат дека освен директорите на локалните институции, советниците на ДПМНЕ во општинскиот Совет и раководителите од општинската администрација, на средбата со граѓаните од трите урбани заедници Аличаир, Вишне и Ѓогдере, на синоќешното фијаско присуствуваа едвај 15-ина луѓе, сите до еден активисти на ДПМНЕ, стои во соопштението на ОО СДСМ Прилеп.

Соопштението го пренесуваме во целост.

„Наместо да организира транспарентно планирање на буџетот, Проданоски се затвори во тесен круг опкружен со партиски војници од јавната администрација, исклучувајќи ги од дебата опозициските советници и жителите од урбаните заедници кои не се поддржувачи на ДПМНЕ.

Но, тоа што се соочи со бојкот од неговите сопартијци кои одбија да присуствуваат на однапред договорено сценарио чија единствена цел е сликање и создавање лажна слика за транспарентноста на Проданоски и локалната самоуправа, кажува за огромното незадоволство на прилепчани од работењето, односно неработењето на градоначалникот.

Најлошиот градоначалник во историјата на Прилеп, кој за една година не успеа да реализира ниту еден од ветените проекти и кој бесрамно ги излажа своите сограѓани, сега од истите тие граѓани бара предлози за нови проекти.

Чисто лицемерие и срамен обид за амнестирање од сопствената неспособност!

Наместо бегање од граѓаните, Проданоски конечно треба да покаже почит кон нив и кон советниците од редовите на опозицијата, да го испочитува Деловникот за работа на Советот на општина Прилеп, да се појави на седницата за советнички прашања и да одговори зошто се’ уште не е завршен кружниот тек Табана, до каде е изградбата на најавениот спортско-рекреативен парк од 30.000 квадратни метри кај Волково, зошто е градот во темница, каде исчезна елитната населба „Градина“, што се случува со реконструкцијата на сала „Македонија“ и Универзалната сала, кога ќе сече лента на обиколниците „Исток“ и „Запад“…?

Конечно, прво да даде отчет каде и како потроши 40 милиони евра од годинешниот буџет, па дури потоа да „собира идеи и предлози“ и да го крои буџетот за следната 2027 година.

Градоначалниче Проданоски, со лага ага не бидува!“, стои во соопштението.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци