Општествено одговорната компанија „Еуро глас“ од Прилеп уште еднаш ја покажа својата хуманост, грижата за заедницата и ранливите категории. Тие го посетија ООУ Климент Охридски каде им подарија новогодишни пакетчиња на децата со посебни образовни потреби и донесоа радост во нивните срца, измамија насмевки и чувство на прифатеност кај оние на кои тоа им значи најмногу.
Оваа постапка на „Еуро глас“ нека биде позитивен примиер за тоа како сите треба да градиме поинклузивно и похумано општество.





