Општина Прилеп : Во основните училишта согласно законот во тек се постапките за избор на директор

Општина Прилеп категорично ги демантира наводите на денешната прес конференција на о.к. на ВМРО-ДПМНЕ  од Прилеп. Согласно со Законот за средно образование во сите 5 средни училишта во градот, им е продолжен мандатот на досегашните вршители на должноста – директор. Велат од Општина Прилеп како одговор на прес конференцијата на О.К.на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, на која од опозициионата партија обвинија дека во прилепското образование владее хаос.

 

Реакцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

Во основните училишта во градот, согласно со законската регулатива и прописи во тек се постапките за избор на директор врз основа на распишаните огласи од училишните одбори.

 

Во училиштата каде што не се распишани огласи, согласно со законот и според насоките од Министерството за образование и инспекторатот, градоначалникот Илија Јованоски именуваше нови вршители на должноста- директор.

 

Доследна примена на законите и одговорно работење се елементарни заложби на оваа власт. Што ќе рече, сосем спротивно од работењето на претходната гарнитура од ВМРО-ДПМНЕ, која што ги остави во долгови и образовните институции, коишто главно се финансирани со буџетски пари.

 

Прес конференцијата на в.д. директорката на ОУ „Блаже Конески“, неодамна, која говори за неодговорното работење , ја отсликува во голема мера состојбата во прилепското образование цели 12 години, сè до доаѓањето на новата локална власт.

 

Секој друг атак врз работата на новата локална власт, градоначалникот Илија Јованоски и именуваните кадри е тенденциозен и необјективен, единствено во функција на дневно-политички маркетинг.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира