Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
По неколкудневна интензивна акција и координирана работа на сите надлежни служби, ситуацијата со пожарот на депонијата кај Алинци е ставена под контрола. Благодарение на несебичната помош од компанијата Бехтел и Енка, Министерството за транспорт и Министерството за животна средина, како и посветеноста на ЈКП Комуналец, ЈКП Водовод и Канализација и екипите на ТППЕ Прилеп, пожарот е целосно изгаснат, а ризикот за натамошни последици е отстранет, информираат од Општина Прилеп.
„Во моментов повеќе нема густ чад, а со преземените мерки веруваме дека овој проблем е конечно решен. Општина Прилеп уште еднаш упатува апел до сите граѓани за одговорно постапување и заедничка грижа за животната средина. Да бидеме свесни дека чист и безбеден град е одговорност на сите нас“, додаваат од Општина Прилеп.