Политичкиот азил на екс премиерот Никола Груевски е меѓу главните теми во унгарскиот парламент. Одговарајќи ја прашања од пратениците, премиерот Виктор Орбан, повтори дека му е благодарен на поранешниот македонски премиер, за затворање на бегалската рута, и кажа дека Груевски бил прогонуван на меѓународно ниво од Сорос.
Унгарскиот премиер ја оцени и сегашната ситуација во Македонија, како место каде се случуваат политички игри, а во овие игри, како што кажа, вмешано е и владеењето на правото.
Орбан ги негираше информациите дека се сретнал со екс-премиерот на Македонија, Никола Груевски.
„Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Никола Груевски“, одговорил вчера унгарскиот премиер Виктор Орбан на прашање во Парламентот.