Османи: Внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав ќе им даде можност да го изразат својот идентитет

Facebook
Twitter
Email
Print

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Според шефот на дипломатијата, Бујар Османи, од неодамна Бугарија го променила наративот. Решението на спорот, Османи сега го гледа во внесување на Бугарите во Уставот.

„Преку внесување на Бугарите во нашиот Устав тие ќе добијат можност да ги изразат својот идентитет и културните и историските атрибути. Македонија е позната по тоа што им дава можност на своите заедници слободно да се изразуваат и мислам дека тоа е патот напред“, рече Османи.

Во однос на претстојните разговори со Софија, најавени кон крајот на месецов, Османи појасни дека се работи за две траектории во разговорите со Бугарија, едната е португалскиот предлог, кој го вклучува и јазикот, а втората е актуелниот патоказ 5 +1, чии писмени предлози од бугарска страна веќе стигнале на адреса на МНР.

Освен точката + 1 за вметнување на Бугарите во македонскиот Устав, во протоколот, кој треба да помогне во надминување на спорот со Софија, останатите пет точки се:

Краткото и долгото име на државата;

Спречување на говор на омраза;

Рехабилитација на жртви на комунизмот;

Поголем ангажман на Комисијата за историски прашања;

Немешање во внатрешни работи.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира