Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во врска со предложената резолуција на опозоциската партија ВМРО-ДПМНЕ за евроинтеграцискиот пат на земјата, денеска изјави дека неговата партија ДУИ е на ставот дека овој процес треба да се почне од нула, да седнат политичките партии консензуално, а не да биде наметнат од една парија.
„Ако заради некои политички, партиски амбиции, овој државен консензус кој што го постигнавме да го претвори повторно во етничко прашање, тоа е најголемата штета што може да ја направи. Ако треба да се донесе некаква резолуција тоа треба да биде производ од сите, а не наметната од некоја политичка партија. ДУИ е на ставот дека овој процсе треба да се почне од нула, да седнат политичките партии консензуално, а не да биде наметната од една парија, како што напоменав се плашам дека може од државна со вкава резолуција да преминеме во етничка позција“, вели Османи.